Пукање на автомобилски саем во Мексико, НАЈМАЛКУ 10 ЗАГИНАТИ

од Вести365.МК Ј.Р.

Најмалку 10 луѓе се убиени, а девет други се ранети во пукање на саем на автомобили во Мексико во саботата.

Како што јави Ројтерс, напаѓачите вооружени со пушки излегле од комбе во градот Енсенада и почнале да пукаат кон учесниците на саемот кои биле на бензинската пумпа.

На местото на престрелката веднаш пристигнала локалната полиција, како и државната армија, пожарникарите и Црвениот крст.

Градоначалникот Армандо Ајала Роблс објави дека државниот правобранител формирал специјална група за да го истражи пукањето.

Слични објави