Промоција на книгата “Папокот на светлината“ од Венко Андоновски, во Битола

од Вести365.МК | С.З.

„Венко Андоновски е еден од најчитаните и најизведувани драмски македонски автори во во последниве две децении. Неговиот роман „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а “Вештица“ во 11.000. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски. Дваесет  години после издавањето на “Папокот на светот“. Венко Андоновски со најново  прозно остварување, “Папокот на светлината“. Романот е петти по ред, неодамна се закити со наградата “Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување за 2022 година“ – беа зборовите на Винка Саздова писателка промотор на книгата „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски, на отворањето на промоцијата во НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола.

Венко Андоновски, скромно и племенито говореше и истакна:

-Во “Папокот на светот“ се постави прашањето Дали може човекот да го промени светот?  Партијата со големо “П“ во овој прв роман  е тоталитарна организација која се храни со просечноста, и го прогонува младиот човек, главниот лик Јан Лудвиг не  е тоа. Тој како натпросечна личност, е непотребен дури и штетен за “Партијата“ и завршува песимистички. Сега во моето најново прозно дело„Папокот на светлината“ ќе го поставиме прашањето “Што се смени од тогаш“ ? Тука „Партијата“ е целото човештво каде се потребни само просечни, послушни.  Јан Лудвиг 20 години подоцна се прашува „Можно ли смислата да биде само во послушноста, просечноста, во тие тоталитарни системи“. Што е злото во човекот? „Зошто почесто го избираме злото, меѓу кое е и таа послушност?“

Тука  дојдов до некоја виша реалност која треба да ја бараме. Затоа овој роман се однесува на светлината. Не е ралигиозен, морам да кажам, иако некои така го претставуваат. Јан Лудвиг доброволо се трга од светот во егзил, оди на Хиландар,  за да ја побара смислата на животот. Да го пронајде БОГ.

Слични објави