Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето

од Вести365.МК Ј.Р.

Малите промени на нашето тело, како црвенило на кожата, се честа појава и генерално не треба да ве загрижуваат.

Сепак, некои промени можат да бидат јасен знак за проблем со здравјето, особено ако траат подолго и не се повлекуваат без третман.

Осум промени кои е најдобро да не ги игнорирате:

Нерамнини на кожата на дојките

Покрај израстоците, и нерамнините на кожата на дојките можат да бидат симптом за рак.

Ако забележите и најмала промена на вашите гради, не ја игнорирајте и одете на лекар.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-03.jpg

Кршливи заби и болка во вилицата

Ако забележите дека забите ви се кршат полесно, а притоа чувствувате и болка во вилицата, тогаш можно е да имате бруксизам.

Оваа појава, која е всушност несвесно триење на забите, неретко е предизвикана од стрес или анксиозност, па не ја игнорирајте.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-04.JPG

Темни дамки на вратот или под пазувите

Постојат разни причини за затемнување на кожата на вратот или пазувите, но доста често ова е знак за повисоки ниво на прогестерон и естроген.

Оваа појава е почесто забележана и кај луѓе со прекумерна тежина.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-05.JPG

Промена во бојата на очите

Ако забележите каква било промена во бојата на очите, одете на лекар бидејќи најверојатно станува збор за некој здравствен проблем.

На пример, ако забележите сива линија околу зеницата, можно е да имате висок холестерол, особено ако сте постари од 50-60 години.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-02.jpg

Проретчување на веѓите

Паѓањето на влакната од веѓите може да биде знак за низа проблеми.

Некогаш е предизвикано од инфекција, проблем со кожата, но и хормонална нерамнотежа.

Некогаш и лошата исхрана, односно недостатокот од одредени хранливи материи може да биде причината.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-06.jpg

Жолти солзи

Ако солзите ви се жолти, тогаш од жлездите на очите се лачи и исцедок кој може да биде причинет од бактериска инфекција.

Некогаш причината е и блокада на солзните жлезди.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-07.JPG

Отечен јазик и/или чирови во устата

Една од почестите причини за отекување на јазикот е алергиска реакција која не треба да ја игнорирате, особено ако забележувате отежнато дишење и вртоглавица.

Некогаш причината е некаква инфекција, но и повреда.

И чировите може да бидат предизвикани од повреда, но и реакција на одредени намирници.

Некогаш и стресот, бактериските инфекции, но и хормоналните промени, како за време на ПМС, можат да предизвикаат чирови во устата.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-08.JPG

Промени на кожата и ноктите

Ако истовремено забележите промени во кожата, како чешање и црвенило, како кршливи нокти, можно е да станува збор за нетолеранција на глутен.

Во овој случај добро е да се консултирате со лекар.

promeni-na-teloto-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-problem-so-zdravjeto-09.JPG

Слични објави