Продолжен викенд: На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце за излез се чека до 1 час

од Вести365.МК | М.Т.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични објави