Британскиот принц Вилијам не планира да се сретне со својот помлад брат Хари кога ќе присуствува на крунисувањето на нивниот татко, велат извори блиски до кралското семејство.
Кралските аналитичари открија дека Хари (38) разговарал со својот татко во саботата во обид да ги смири тензиите, но дека во таа прилика не се занимавал со актуелниот спор со Вилијам, пишува Дејли
Тие веруваат дека би било убаво Хари да остане извесно време и биде пријателски настроен, но веруваат дека неговото самостојно патување ќе биде краткотрајно, пред се поради неговиот „густ“ распоред на обврски.
Вилијам и Хари ќе се видат за време на крунисувањето на 6 мај во Вестминстерската опатија, што е прв пат да се сретнат откако Хари објави книга во која го означи Вилијам како негов главен ривал.
Изворите велат дека кралот Чарлс е задоволен од доаѓањето на својот најмлад син, но се смета дека принцот од Велс сè уште се чувствува предаден и лут, особено поради откритијата во мемоарите, и дека јазот меѓу браќата е толку широк што тој однос тешко дека некогаш ќе се поправи, наведува весникот.