Приведен тетовчанец кој ја нападнал сопругата и ѝ се заканувал со нож

од Вести365.МК Ј.Р.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 39-годишниот Т.М. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Слични објави