Приведени две лица во Скопје, кај нив пронајдено оружје

од Вести365.МК Ј.Р.

Полицски службеници од Единицата за интервентна полиција на ул.„Кичевска“, на подрачјето на Ѓорче Петров, синоќа околу 23:15 часот ги лишиле од слобода И.А.(35) и Б.С.(34), двајцата од Скопје.

– Откако полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А., во кое совозач бил Б.С., при извршен преглед во него пронашле три парчиња огнено оружје, и тоа пиштоли „Застава М57“ со рамки со муниција, соопштија денеска од МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и опасни материи, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против нив ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.

Слични објави