Претежно сончево и топло време

од Вести365.МК Ј.Р.

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за слаб локален дожд и ретки грмежи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 9°C, а максимумот од 20 до 27°C.

Слични објави