Доколку ЕСМ продажба продолжи со реализација на зголеменото производство, тоа ќе и даде аргумент плус на Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки во интерес на граѓаните. Ние правиме се што е во наша моќ да ја задржиме стабилна цената на струјата и граѓаните да продолжат да користат евтина тарифа, порача премиерот Димитар Ковачевски.
-Дали ќе има проширување на интервалот на користење на евтината струја во наредниот период ќе покажат анализите кои ги прави РКЕ – информира Ковачевски.
Пред еден месец, претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, најави дека е можно да се врати дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да се почека крајот на грејната сезона. Според него, зголеменото домашно производство и заштедите на струјата може да бидат причина за враќање на дневната евтина струја.
-Позитивните трендови продолжуваат, намалени се загубите, а ЕСМ може да има дополнителни приходи од продажбата на вишоците. Така што имаме добар материјал за почеток на дискусија за враќање на евтината дневна струја – објасни Бислимовски.
Во моментот граѓаните користат само ноќна евтина струја од 22 до 06 часот наутро, како и во недела цел ден. Дневната евтина тарифа беше укината од декември 2021 година.