Пратеникот Рашиди нов директор на МЕПСО, советничката Абази на Македонска пошта

од Вести365.МК Ј.Р.

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за „Слободен печат“ од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер.

Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

Слични објави