Во Собранието почна средбата на лидерите на парламентарни партии.Од една страна власта СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците од друга опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени.
На лидерската средба треба да се разговара за датумот на одржување на претседателските и парламентарните избори 2024 година.
На средбата присуствува и претседателот на Собранието Талат Џафери.
На средбата присуствуваат премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, лидерите од Европскиот сојуз за промена Изет Меџити, Билал Касами, Африм Гаши, на НСДП Горан Мисовски, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов…
Првите луѓе на партиите се очекува да го договорат датумот за претседателските и парламентарните избори, а извесно е дека тие ќе се одржат во мај. Тие во јавните изјави веќе изразија согласност дека изборите би можеле да се одржат тогаш.
Евентуален втор круг од претседателските избори и парламентарните избори најверојатно ќе се одржат на 8 мај. Првиот круг од претседателските избори во тој случај би бил на 24 април.
Пред почетокот на средбата во изјави за медиумите веќе познатите ставови ги презентираа лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоцки и на Алијанса за Албанците Арбен Таравари…