Почина маж откако тракторот управуван од малолетничка паднал во канал

од Вести365.МК Ј.Р.

На 28.05.2023 во 17:20 часот било пријавено дека на локален пат во с.Тромеѓа, кумановско, трактор управуван од малолетничка од с.Тромеѓа излетал од патот и паднал во канал.

На местото на несреќата починал сопатникот М.С.(63) од с.Младо Нагоричане, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Со телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Куманово.

Слични објави