Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград

од Вести365.МК Ј.Р.

Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија.

Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување.

Mинистерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази искрено сочувство до семејството на повреденото девојче.

Слични објави