Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски тврди дека барал да не се издаде дозвола за „Пулс“

од Вести365.МК Ј.Р.

Одбраната на поранешниот градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за случајот „Пулс“ истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, Димитровски не само што немал намера или умисла, туку бил единствен кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

Бранителката на десетто обвинетиот Ратко Димитровски (градоначалник на Општина Кочани од 2012 до 2017), адвокатката Ангела Соколова, на почетокот изрази сочувство на семејствата на жртвите и порача дека сите очекуваме вистинска правда, и дека потребна е правда за Кочани, но притоа никој што е виновен да не избегне прогон, и никој друг неправедно да биде осуден.

-Обвинителниот акт е преседан во судско обвинителката служба, особено во пронаоѓање на каузална причинско -последична врска. Ќе докажеме дека обвинетиот не е виновен за делото што му се става на товар. Ниту едно поставување на обвинетиот од 2012 до 2017 година може да се граничи дека доколку било преземено ќе спречело настанување на последицата. Ништо не може да се подведе под теорија на каузалитет, рече Соколова.

Според неа, се поставува и прашањето дали може да постои соизвршителство во ситуација кога обвинетиот бил градоначалник во период од 2012 до 2017 година, а другите двајца градоначалници после него.

Слични објави