СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.
Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул. „50 Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на бул. „Илинден“.
Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на бул.„Илинден“ пред Владата.
1
Меркел отворено за војната во Украина: Договорот од Минск беше само купување на време
2
Се обиделе ли Украинците да го убијат Путин? Дронови кружат над Москва, а од Кремљ – молк
3
Русија ќе ги депортира жителите на анектираните украински области кои ќе одбијат руско државјанство
4
Путин потпиша декрет за легализирање на депортација на жители на анектираните украински територии
5
Резников тврди дека украинските сили се подготвени за контраофанзива
ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради најавени првомајски протести
Д.С.
Пред 2 часа
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
СВР Скопје утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по неколку сообраќајници во центарот на Скопје поради одржување два синдикални првомајски протеста.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Како што соопшти МВР, од 10 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим поради најавен протест на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул. „50 Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на бул. „Илинден“.
Исто така, со почеток во 12 часот е најавен протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) со траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“ и „Димитрија Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и ќе заврши на бул.„Илинден“ пред Владата.
-МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, информира Министерството