Поплави во Норвешка: Пукна брана, евакуација во областа Осло ВИДЕО

од Вести365.МК Ј.Р.

По неколкудневните големи поплави во Норвешка, денеска делумно се урна браната на хидроцентралата на норвешката река Глома.

Локалната телевизија покажа дека водата блика низ пукнатините во структурата на браната, објави Ројтерс.

На оваа река има и важен воден пат, но поради поплавување на контролниот центар на бродската управа на реката Глома, речниот сообраќај е во прекин.

Норвешката управа за водни ресурси издаде црвен временски аларм за поплави и свлечишта за области во јужна Норвешка, а метеоролозите издадоа предупредување од највисоко ниво за екстремно обилни врнежи

Илјадници луѓе останаа без струја во јужна Норвешка по бурата Ханс придружена со силен дожд неколку дена погоди делови од Скандинавија и Балтикот, што резултираше со излевање на реки и оштетување на патиштата, објави АП.

Слични објави