Во СВР Скопје вчера во 21:50 добиле пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“ дека бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Медиумите синоќа објавија дека Д.Б. е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“ и дека пукањето произлегло од „обид за помирување на две семејства“.