Голем скандал ја потресе Полска која ја погодија страшни поплави, а сега милионер е обвинет дека намерно поплавил дел од градот, за да си го спаси бизнисот.
Според Газета Виборча, големите поплави го блокирале сообраќајот и ги загрозиле животите на луѓето во градот Јеленија Гора.
Нивото на водата го надминало рекордот поставен во 1997 година, кога поплавите го уништија градот. Мештаните го обвинуваат милионерот, кој неодамна се преселил таму и изградил станбен комплекс, дека намерно поплавил дел од градот за да си го спаси бизнисот.
Имено, луѓето го обвинуваат дека наредил да се изгради насип во близина на одводот, кој го заштитил просторот каде што градел, а водата била пренасочена кон остатокот од градот.
Градоначалникот вели дека ќе ја анализира состојбата, а надлежните органи ќе отворат истрага дали се преземени мерки и какви би можеле да бидат.
Претставниците на Холидеј Парк Ресорт, компанијата на милионерот кој сега се соочува со гневот на граѓаните, не сакаат да ги коментираат овие наводи.
Да потсетиме, Полска за време на викендот ја зафатија страшни поплави, а браната во Пачкова пукна.