Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Велика Британија, Патрик Сандерс, ги повика Британците да бидат подготвени за воена служба во случај на конфликт со Русија, пишува весникот „Политико“.
Според весникот, Сандерс ја подвлекол неопходноста од промена во „главите“ на Британците за населението да биде морално подготвено за евентуален воен конфликт против Русија.
Владата на Обединетото Кралство, по неговата изјава, потврди дека не планира да воведе воен рок.
„Вооружените сили на Велика Британија имаат традиција да бидат сочинети од волонтери и не се планира тоа да се промени“, изјави портпаролот на премиерот на Велика Британија, Макс Блејн за „Асошиејтед прес“.
Тој додаде дека учеството во хипотетички војни не носи никаква корист.
Претходно весникот „Тајмс“ напиша дека големината на британската армија може да се намали за една третина во следните десет години, од 75.000 војници на 52.000 војници.