Познат идентитетот на починатата во Грција, четири битолчанки наместо одмор, доживеаја хорор-сообраќајка

од Вести365.МК | М.Т.

Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија и идентитетот на младата битолчанка која загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Егнатиа во правец кон Солун.

Претходно беше познато дека таа имала 29 години, а групата тврди дека во прашање се четири битолчанки кои ја доживеале сообраќајната несреќа, за која нема детали како се случила.

„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“.

Министерството за надворешни работи информира дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е на располагање за помош на семејствата на загинатата и повредените македонски државјани од денешната тешка сообраќајка на влезот во Солун.

-Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот. Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата, информираат од МНР и додаваат:

-Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани. Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат.

Слични објави