Над стотина деца мигранти без придружба биле пронајдени во напуштена приколка во Мексико во неделата, пишува New York Post.
– Повеќето од 103-те малолетници без придружба патувале низ Мексико од Гватемала – објави владата во понеделникот.
Приколката е пронајдена напуштена без возач на страната на автопатот Козамалоапан-Ла Тинаја, соопшти ИНМ.
Беше од метална конструкција и имаше вентилатори и неколку импровизирани отвори за вентилација на таванот.
На објавените фотографии може да се види расфрлано ѓубре во камионот. Додека на видеото се гледа дека мигрантите се главно помлади мажи.
Мигрантите имале и нараквици во боја за да се идентификуваат.
Децата без придружба ќе бидат под старателство на системот Веракруз. Другите мигранти ќе бидат идентификувани за да се утврди нивниот правен статус во Мексико.