Песков: Неопходен е разговор меѓу Трамп и Путин за меѓународни прашања

од Вести365.МК Ј.Р.

Средбата меѓу претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Доналд Трамп, е неопходна, бидејќи е потребна сериозна дискусија за меѓународните прашања, вклучително и украинската криза, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Таква средба е секако неопходна, пред сè од гледна точка на билатералните руско-американски односи, а и од гледна точка на разговор за сериозна дискусија на највисоко ниво за меѓународните работи и регионалните процеси, а секако и кризата околу Украина“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Трамп во врска со можна средба со Путин, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, претходно денес изјави дека сака што поскоро да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Слични објави