Министерот за локална самоуправа Златко Перински потврди дека тој е еден од потенцијлалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, но сепак додава дека допрва ќе се утврдува кој ќе биде вистинскиот кандидат.
Да, точно е дека моето име се врти како едно од потенцијалните имиња на можни кандидати за градоначалник на град Скопје. Јас сум нависитина горд за ова, бидејќи претставува предизвик и чест да го преставиш Скопје. Секако дека е еден посакуван предизвик. Вие знаете дека ние како ВМРО-ДПМНЕ сме навистина голем партија, и затоа сметам дека кој и да биде кандидат од нашата партија ќе биде градоначалник на Скопје, рече тој за Лидери.мк
Додава дека пристапот на партијата е аналитичкиот пристап.
Ќе видиме што ќе каже аналитиката, односно анкетите, ќе го прашаме и членството и кој и да биде кандидат-дали ќе бидам јас, или некој друг, мислам дека сите ќе се подржиме едногласно меѓу себе и градот ќе го направиме многу поубаво место за живеење, во споредба од тоа што е сега. До тогаш, верувајте, навистина имаме многу предизвици во Министерството за локална самоуправа”, вели меѓу другото министерот Перински.