Пендаровски до Радев: Нови барања од Бугарија не се дозволени

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во Подгорица се видел со бугарскиот претседател Румен Радев со кого, како што рече денеска, не разговарале за темата на македонската евро-интеграција, но затоа денеска му порача: „Нови барања од Бугарија не се дозволени“. Изјавите на Радев ги оцени како рециклирана стара бугарска приказна и уште нагласи дека Бугарија е последната држава која може на Македонија да ѝ дели совети за човековите права.

Нашиот пат кон Европа е јасен. Станува збор за преговарачката рамка која ја усвоиме минатата година. Во таа смисла, нови барања од Бугарија не се дозволени“, рече претседателот Пендаровски, прашан како ги коментира изјавите на претседателот на Бугарија, Радев поврзани со уставните измени.

Пендаровски рече дека за време на неговата посета на Подгорица оствариле куса средба со Радев, на која не разговарале за оваа тема, но во однос на неговата изјава посочи дека станува збор за „рециклажа на старата бугарска приказна“.  

„Токму денеска ЕУ прославува 30 години од носењето на Копенхашките критериуми, кои се главниот сет на критериуми според кои се влегува во ЕУ. Така што, мислам дека Бугарија е последната држава членка на ЕУ која нам може да ни држи предавања за тоа кои се и што се, и што претставуваат копенхашките критериуми, имајќи во предвид дека Бугарија е држава членка на Советот на Европа која има најмалку почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права. Ние многу добро ги знаеме копенхашките критериуми и тврдам дека Македонија е најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, која во моментот започнува преговори, додаде Пендаровски пред почетокот на конференцијата „Крсте Мисирков и македонскиот јазик – извор на научни истражувања“ во одговор на прашање.

Слични објави