Говорејќи за „Фронтот за Европа“, идеја што ја промовира лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, министерот Османи нагласува дека, засега на државно ниво се води координацијата со сите политички партии, независно од етничка или каква било припадност, но важно е дали тие се залагаат за членство во Европска Унија или не.
„Се разбира дека на ниво на политичката партија работиме со албанските политички партии во моментот кои се залагаат за ЕУ, за создавање на тој фронт, а се разбира како ќе се ближат изборите, тогаш ќе се прошири или евентуално ќе се разговара и со други партии“, посочува министерот за надворешни работи за Фронтлајн
Османи не ја исклучува можноста „Фронтот за Европа“ да настапи со заеднички кандидат на претседателските избори следната година.
„Тоа веќе го имавме на минатите избори. Актуелниот претседател е заеднички кандидат на СДСМ и на ДУИ, што е еден преседан којшто навистина многу држави го посакуваат, а тоа е двете најголеми етнички заедници да имаат заеднички кандидат за претседател. Ние можеме тоа да го потцениме, но тоа е навистина најголемото постигнување на едно мултиетничко општество и мислам дека тоа се покажа како добар пример и не исклучувам тоа да се повтори“, изјави Османи.