Оружје на надувување со кое Украинците ги мамат Русите: За 60 дена ќе направиме реплика на ХИМАРС

од Вести365.МК Ј.Р.

Чешка компанија која произведува лажно оружје на надувување, вклучувајќи ракетни фрлачи ХИМАРС и тенкови Абрамс, објави дека нејзината продажба е зголемена од почетокот на руската инвазија на Украина минатата година. Мамките направени од синтетичка свила се користат за да се измами противникот на бојното поле, кој наместо вистинското оружје го гаѓа лажното.

Челниците на компанијата Inflatech одбија да потврдат дека ги продаваат своите производи на Украина, повикувајќи се на воена тајна, но признаа дека производството е зголемено за 100 отсто во последната година. „Ги продаваме производите на голем број влади во светот, не само во Европа“, изјави за печатот шефот за продажба и маркетинг Повен Кумаресан. Тој додаде дека триесет вработени во Inflatech произведуваат од 30 до 40 такви мамки месечно.

Лажни тенкови, оклопни возила, дури и млазни борци тежат меѓу 25 и 90 килограми и бараат од две до четири лица да управуваат со нив на бојното поле. Доколку компанијата има прецизни нацрти на оригиналното парче воена опрема, компанијата може да создаде нов дизајн за 72 часа, а ако почне „од нула“ производството може да потрае и до две недели, рече Кумаресан, додавајќи дека по нарачката за испорака на репликата на ракетниот фрлач ХИМАРС беа потребни 60 дена.

Инфлатек досега има произведено десетици лажни ХИМАРСИ. Производите на оваа компанија се сметаат за воена опрема и нивното производство мора да биде одобрено од владините органи.

Чешката влада минатиот месец објави дека испратила воена помош во вредност од околу половина милијарда долари за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Извршниот менаџер на Inflatech Vojtech Fresser рече дека една од клучните карактеристики на производите е нивниот изглед, верен на оригиналот. „Ако немам двоглед, нема да можам да знам од далечина од 150-200 метри дали е вистинско оружје или мамка“, рече тој. Во исто време, моторот што се користи за надувување зрачи топлина , кој може да ги измами непријателските инфрацрвени сензори.

Фресер објасни дека поединечните мамки чинат помеѓу 10.000 и 100.000 долари, што е многу помалку од цената на проектилите потребни за нивно уништување. „Ако го принудам непријателот да го уништи мојот производ со нешто што е најмалку четири пати поскапо, а во пракса дури и 20 пати поскапо, тогаш победувам во економска смисла“, рече Фресер.

Кумаресан рече дека компанијата постојано ги надградува своите производи и размислува да ги направи мамките мобилни во иднина. Inflatech, која првично создаваше мамки за воена обука, произведува играчки или модели според желбите на клиентите. “Ние правиме производи во согласност со специфичните потреби на клиентите. Ние не сме е-продавница каде што можете да изберете”, рече Фресер.

Тој додаде дека „нема ограничувања“ за производство или асортиман на производи и дека компанијата очекува забрзан раст во следните три години. „Се разбира, повеќе би сакал да произведувам играчки за деца, но прво треба да им гарантираме живот во безбеден свет“, нагласи Фресер.

Слични објави