Општина Гази Баба за времени вработувања ќе потроши НАД 220.000 евра

од Вести365.МК Ј.Р.

Фантастични 14 милиони денари или над 220.000 евра ќе потроши градоначалникот на општина Гази Баба за времени вработувања за 2023 година.

Според Договорот што го потпишал Стефковски со приватната агенција за вработување 14 милиони денари ќе се потрошат за привремени вработувања во општината, а времетраењето на услугата е 12 месеци.

Во последниот месец неколку општини како Аеродром, Кочани и Илинден склучиле вакви договори, но нивните суми беа далеку пониски отколку она што ќе го потроши општина Гази Баба.

Слични објави