Опасен предизвик на ТикТок се шири меѓу младите – десетина завршиле во болница со скршеници

од Вести365.МК | М.Т.

За неполни четири дена најмалку 11 средношколци завршиле со повреди и скршеници по телото само во болницата Наум Охридски, по тик-ток трендот „супермен“. Станува збор за опасен предизвик меѓу средношколците, но и поголемите основци што се повеќе го има во училиштата.

Во скопско Зелениково во близина на основното училиште татко пријавил во полиција дека неговиот син се здобил со тешка повреда предизвикана од супермен предизвикот.

Предизвикот е еден да скокне со испружена рака како стрип ликот супермен и групата го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Скока врз група на деца кои или ќе го фатат или не. Ова видео е направено во едно од средните училишта во Скопје.

Исто така и во дел и од основните училишта од осмо и деветто одделние го прифаќаат овој предизвик. Од видеата најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на бетонот. Директорот на болницата „Наум Охридски“ Небојаша Настов објаснува дека децата имаат најразлични повреди..

Докторите велат дека ваквите предизвици се многу опасни. Повредите може да бидат со многу потешки последици по здравјето на децата.

Предизвикот „Супермен“ е раширен низ сите земји. А дел од медиумите објавуваат и за тешки скршеници кај децата. Во дел од соседните земји реагираат и од Управа за аудиовизуелни медиуми до родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд.

Слични објави