Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопштија дека од 17 март за 10 отсто принудно се намалуваат цените на млекото и млечните производи и за 15 отсто на тестенините, во однос на утврдените цени во малопродажбата кои биле евидентирани во маркетите на 1 март.
Замрзнувањето на цените ќе трае до 31 мај.
– Се намалува цената на тестиенините за 15 проценти во однос на цените од 1 март. Тоа е во просек за околу 8 до 9 денари на макароните и шагетите. За овие производи се укинуваат и царинските давачки до 31 мај, рече Ковачевски.
Се замрзнуваат цената на кравјото млеко од 2,8 отсто масленост и нагоре, како и на урдата,. кравјото бело сирење и мешаното бело сирење, кравјиот кашкавал, со исклучок на кравјиот кашкавал без додатоци, како и на пармезанотармезан, киселото млеко, павлаката и јогурт без додатоци
Намалување на цените за 10 отсто во однос на цените итврдени на 1 март во трговијата на мало кај млечните производи ќе трае од 17 март до 31 мај.