ЈСП Скопје информира дека од 1 септември 2026 година започнува примената на зимскиот возен ред на јавниот градски превоз.
Од претпријатието ги повикуваат корисниците навреме да се информираат за возните редови на линиите што ги користат, со оглед на промената на режимот на сообраќање.
Актуелните возни редови може да се проверат на официјалната интернет-страница на ЈСП Скопје.
Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето и соработката.