Од утринава не се дистрибуира бел леб по маркетите

од Вести365.МК | М.Т.

Во продавниците во Скопје нема леб, рафтовите се празни. Иако пекарите најавиле дека ќе продолжат со дистрибуција на леб, додека не излезе одлуката за замрзнување на цените на 33 денари во Службениот весник, денеска не испорачаа леб. Во некои маркети, пекарите известиле дека нема да им достават леб денеска, па маркетите мораат да продаваат старите залихи. Раководителите на маркетите не знаат како ќе поминат денеска и не знаат дали треба да направат нарачки за утре. Во маркетите, иако се залепени новите замрзнати цени на 33 денари за белиот и полубелиот леб од 450 грама, полиците се празни. Владата ја замрзна цената на лебот до 33 денари до крајот на мај годинава, а исто така ја укинува субвенцијата за струја за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи. Одлуката беше донесена вчера на владина седница. Пекарската индустрија, која најави дека ќе прекине со производство на леб ако се донесе ваква одлука, ќе ги соопшти натамошните чекори откако одлуката ќе биде објавена во Службениот весник. Овие одлуки на Владата следуваат откако анализите на Министерството за економија и инспекциските контроли покажале дека дел од компаниите не ги намалиле соодветно цените на своите производи.

Слични објави