Од полноќ пониски цени на горивата

од Вести365.МК | С.З.

Цената на дизелот и бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалува за еден денар, а цената на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за половина денар за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Од полноќ се намалува цената на горивата. Врз основа на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот и бензинот еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денар, а цената на бензинот еуросупер БС-95 се намалува за половина денар за литар. Литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 81,5 денари, литар еуросупер БС-98 за 83,5 денари, а литар дизел за 76 денари. Со одлуката на РКЕ, од полноќ за 1,5 денари поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, а мазутот поскапува за 0,064 денари. Со одлуката на РКЕ, се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти во однос на одлуката од 24 февруари оваа година.

Слични објави