Од вработен во Мекдоналдс ДО ИМПЕРИЈА НА ВРВОТ НА НАЈБОГАТИТЕ

Џеф Безос, основачот на светски познатата компанија Амазон, специјализирана за електронска трговија, неодамна откри која била неговата прва работа, а сега објасни и која е најважната лекција што ја научил од таа работа.

Многумина долго време не знаеја дека овој милијардер навистина го започнал својот работен век на 16 години, со работа во Мекдоналдс, во далечната 1980 година.

Безос е еден од најбогатите луѓе на светот денес, но не се срами од раната младост кога заработуваше од продавање хамбургери, пишува New York Post.

Се присетил на својата прва работа во таа компанија, кога бил средношколец. Тој истакна дека времето кога работел на скара го научило колку е важна услугата за клиентите.

– Бев готвач. Не ми дозволија да се доближам до муштериите. Тоа беше мојата тинејџерска фаза со акни на лицето. Затоа работев во позадина на скара – рекол Безос.

Периодов се запознал со организацијата на работата во мал систем кој функционира во рамките на огромен систем и каде се мора да биде „под часовникот“.

Тој истакна дека му значеле различните сигнали што ги добивал, а кои укажувале кога да се матат јајцето, кога да се сврти плескавицата и да се извадат компирите од врелото масло. Ова го научи дека сè мора да се направи точно во вистински момент за време на шпицот на сообраќајот за да се избегне хаос.

Уште тогаш сфатил колку е важно да се биде подреден на клиентот и да се направи се за да ги направи клиентите задоволни.

–  Една од забавните работи во работењето во Мекдоналдс е тоа што треба да бидете многу брзи на сите работни места – изјави Џеф Безос.

Слични објави