Одложено рочиштето за Пендиков, судот ја бара адресата за да му ВРАЧИ ПОКАНА

од Вести365.МК Ј.Р.

Одложено е првото рочиште за случајот Пендиков, откако бранителите на едниот од осомничените за нападот, Илија Спасески кои побараа да и се достават доказите против него од што ќе зависи произнесувањето на обвинетиот.

Илија Спасески беше уапсен неколку дена по нападот врз Пендиков. На 22 февруари беше пуштен од притвор, а истиот ден беше приведен вториот напаѓач на Пендиков, битолчанецот Б.А. Судот привремено му го одзеде пасошот за да не може да ја напушти државата. Според обвинителството, делото е извршено од омраза поради национална и етничката припадност.

Двете лица се обвинети дека го претепале секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид на паркинг близу угостителски објект во кој прво имало вербална пресметка помеѓу нив.

Судот и натаму ја бара адресата на натепаниот Пендиков за да му испрати покана за сведочење, адвокатите не знаат кога ќе дојде од Бугарија.

Судијата Бојан Мартиноски и денеска се интересираше на која адреса можат да го најдат оштетениот македонски државјанин, со бугарска самосвест, кој е и секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Обвинителите немаа одговор, ниту знаеја кога ќе може да присуствува на рочиште.

„Не знаеме кога Пендиков ќе може да присуствува, а тоа е поради медицински причини“, кажаа обвинителите кои го гонат Илија Спасевски кој го нападнал оштетениот.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот тој замина за Бугарија каде има обезбедување, доби стипендија и стан.

Слични објави