Ограничување: Возот од Скопје до Велес ќе вози со брзина од 20 км на час

од Вести365.МК | Е.Д.

Јавното претпријатие „Македонски железници Инфраструктура“ ја ограничи брзината на возовите на делницата Скопје – Велес и обратно, објави „СДК.мк“.

Засега не е позната причината поради оваа одлука на претпријатието, но предизвика револт кај граѓаните кои се загрижени дека тоа ќе придонесе за ново доцнење на патничките возови.

– Максималната брзина на пругата Скопје-Велес меѓу станиците Рајко Жинзифов и Велес ќе биде 20 километри на час. Истата важи до нејзино отповикување, соопштиле од претпријатието.

Слични објави