Ноќеска почнува зимското сметање на времето, часовникот се враќа еден час наназад

од Вести365.МК Ј.Р.

Ноќва меѓу 25 и 26 октомври, во 3 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот, а овој ден ќе биде еден час подолг од останатите во годината.

Со оваа промена, утрата ќе станат посветли, но затоа попладнињата ќе се стемнуваат порано. Зимското сметање на времето секоја година започнува во последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд од март, кога повторно започнува летното сметање и часовниците се поместуваат еден час напред.

Практиката на менување на времето има повеќе од еден век историја. Првпат е воведена во Германија во 1916 година, за време на Првата светска војна, со цел подолг искористок на дневната светлина и заштеда на електрична енергија.

По германскиот пример, оваа мерка ја прифатиле над 70 држави ширум светот, иако во последните години сè почесто се отвора дебата дали ваквото прилагодување има реален ефект во современите услови.

Зимското сметање на времето ќе трае до март 2026 година, кога повторно ќе се вратиме на летно сметање.

Слични објави