Нови дојави за бомби во училиштата во Скопје

од Вести365.МК | С.З.

Полицијата спроведува антитерористички проверки и презема мерки за расчистување на случаите откако денеска до 10 часот во Министерството за внатрешни работи било пријавено дека на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Во изминатите денови, секојдневно се добиваат нови дојави за бомби во училиштата, но и во други институции, приватни станбени згради, трговски центри и музеи. Ова се дел од серијата дојави за поставени бомби кои од октомври стигнале на електронските адреси на училиштата, а потоа и на други објекти. Властите велат дека испраќачите тешко се откриваат, се работи за хибридна војна и ова е начин за сеење страв кај населението. Полицијата ќе продолжи да ги спроведува антитерористичките проверки и да презема мерки за да се расчистат случаите на закани за бомби во различни институции и објекти.

Слични објави