Нова анкета: Трамп сè попопуларен, зазема предност во однос на Бајден

од Вести365.МК | М.Т.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп има предност пред демократскиот претседател Џо Бајден за шест процентни поени, покажува најновата анкета на „Ипсос“, која исто така покажува дека мнозинството Американци не сакаат нова изборна трка меѓу поранешниот и сегашниот претседател.

Во анкетата спроведена на 1.250 возрасни лица ширум САД, Трамп доби поддршка од 40 отсто од гласачите, а Бајден 34 отсто. Останатите се уште не одлучиле за кого ќе гласаат или дали воопшто ќе излезат на избори. Маргината на грешка е три процентни поени.

Во претходната анкета од почетокот на месецот, Трамп и Бајден беа изедначени.

Најновата анкета на „Ипсос“, исто така, покажа дека околу 67 отсто од анкетираните повеќе не би ги гледале истите двајца кандидати во претседателската трка, дека им е „доволно“ и од Трамп и од Бајден и дека би сакале да видат некои нови лица.

Сепак, само 18 отсто од нив се изјасниле дека воопшто нема да гласаат доколку нивниот избор се сведе на Бајден и Трамп.

Слични објави