На модната недела во Париз, брендот Кристијан Диор беше меѓу првите што ја покажа својата колекција есен/зима 2023/2024 година, а интересно е што е инспирирана од 50-тите години на минатиот век и три неверојатни дами и хероини кои го обликуваа повоениот период во Париз.
Креативната директорка на модната куќа, Марија Грација Кјури, инспирација ја најде во имиџот и делото на Кетрин Диор, сестрата на основачот на брендот, која беше борец во францускиот отпор за време на Втората светска војна, и во пејачките Едит Пјаф и Жулиет Греко.
„Нивниот стил, нивната независност и нивната уметничка визија беа навистина револуционерни во тоа време. Овие жени, кои верувам дека ми се некако блиски со нивниот став и визија, ми дадоа поинаква перспектива за наследството на Диор”, рече Кари.
Плисирано здолниште со длабок струк, тенки кожни ремени околу половината, кожени ракавици, очила мачкести оквири, блузи со машна, тартан палта, џемпери од кашмир, стил кој флертува со колеџ униформа и машка мода – се само дел од модните моменти од ова шоу, а можете да ги погледнете во нашата галерија.