Квалитетниот сон е неверојатно важен за вашето здравје. Добриот сон е исто толку важен како и здравата исхрана и физичката активност.
Многумина прибегнуваат кон алтернативни решенија за подобрување на спиењето и испробуваат разни суплементи.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт за природен напиток кој ќе ви помогне подобро да спиете.
Потребни состојки:
– кесичка чај од камилица
– 1 лажичка сируп од лаванда
– 100 мл. минерална вода
– свежо нане
– лимон

Начин на подготовка:
Прво потопете ја кесичката чај во 200 мл. врела вода и оставете неколку минути. Потоа во чајот додајте го сирупот од лаванда и исцедениот лимон.
Во овој напиток додадете минерална вода и нане и сè добро измешајте, по што вашиот напиток за подобар сон е подготвен за употреба.