Во недостигот на лекови изминатиов период во Македонија, недостасува и инсулин за дијабетичарите.
Речиси три недели нема некои видови инсулин кои ги користат повеќето од над 45.000 дијабетичари со оваа терапија во земјава, а тие не ни знаат кога ќе добијат. Во земјава вкупно иман над 120.000 дијабетичари, објави СДК.
Соговорничка за порталот изјавила дека од поликлиника Букурешт и велат дека нема и не се знае кога ќе има, а други реагираат дека инсулин нема речиси три недели. Од поликлиниката за порталот изјавиле дека наводно од понеделник ќе има.
Од Министерството велат дека „Станува збор за еден тип инсулин, од кој неодамна се потрошени количините, за него има аналог на таа генерика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени. Веќе е распишан јавниот повик за обезбедување нови количини инсулинска терапија и тој е во финална фаза“.
Според Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија за инсулините кои недостасуваа, од 03 март 2023 година (петок) отпочнува со нивна дистрибуција од Скопје до секоја инсулинска аптека!
– Нашите очекувања, се најдоцна до вторник 07.03.2023 година да бидат целосно дистрибуирани, пишуаат тие на Фејсбвук.
Неофицијално, станува збор за дупка меѓу два тендера. Некои количини се потрошиле пред планираното, некои останале, па на дијабетичарите им се нудат замени.