НЕВЕРОЈАТНА АТРАКЦИЈА во Германија: „Како да сте влегле во друга димензија“ ФОТО

од Вести365.МК Ј.Р.

Ако се движите по автопатот меѓу Вирцбург и Ашафенбург во Германија ќе ве зачуди куќа целосно превртена до главниот пат. Изгледа нереално, но не станува збор за последица од никакво невреме, туку ентузијастите од оваа земја решиле да направат специфична туристичка атракција и успеале во тоа. Куќата наопаку привлекува големо внимание кај возачите и туристите.

Кога првпат видов ваква куќа се изненадив, но кога се приближив видов дека се работи за добро осмислен туристички комплекс. За да биде целосно автентично, сè во таа куќа е ставено наопаку од мебелот до автомобилот кој исто така е паркиран против силата на гравитацијата на кров.

Куќата има два ката и двор, а во неа има и кафуле каде туристите можат да се одморат и да се напијат. Исто така, во уникатна средина бидејќи се е наопаку.

Креаторите на овој комплекс размислувале за секој детал, па автомобилот може да се стартува и да испушта чад, но сепак да не може да се движи.

За се да биде автентично, во куќата биле сместени членови на имагинарното семејство Топелс, кои исто така стојат наопаку во собите. Судејќи според интересот на посетителите, оваа куќа во Германија е вистинска туристичка атракција.

Слични објави