На четиричлено семјество во февруари му биле потребни над 50.000 денари за минимални трошоци

од Вести365.МК Ј.Р.

Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, а за хигиени производи 3.154 денари.

Во однос на јануари годинава, синдикалната потрошувачка кошничка е зголемена за 110 денари.

Слични објави