Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина минатиот петок во затвор во областа Јамало-Ненец на северот на Русија.
Таа денеска соопшти дека неговото тело ќе биде чувано во мртовечница 14 дена.
„Истражителите им рекоа на адвокатите и мајката на Алексеј дека нема да им го предадат телото (веднаш).
Ќе остане на некаков вид „хемиско испитување“ во следните 14 дена“, изјави портпаролката Кира Јармиш на платформата Икс (Твитер).
Претходно сопругата на Навални, Јулија изјави дека Алексеј бил отруен со нервниот агенс Новичок и ги обвини руските власти дека го кријат неговото тело бидејќи чекале да испари трагите од отровот.
Според Sky News, на мајката и адвокатот на Алексеј не им е дозволено да го видат телото.
Телото на Навални е во мртовечница во Окружната клиничка болница во Салехард, објави Новаја Газета.