Според СДСМ шест години по „крвавиот четврток“ во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту ронка каење или извинување за теророт што оваа партија го создаде само за да не ја предаде власта.
На СДСМ исто така им смета и дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги славеле и барале амнестија за 27 април.
– Последен пример за тоа е одлуката на мнозинството од ВМРО-ДПМНЕ и Левица во Советот на општина Битола парично да ги награди осудените лица за 27 април. ВМРО-ДПМНЕ и Левица злоупотребија народни пари за да наградуваат осудени лица и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ – насилничка, режимска партија на страната на криминалот и криминалците, секогаш против интересите на граѓаните и државата, сметаат од СДСМ.