На многу места опаѓа бројот на население, ама не и кај нив, пак имаат над 5 милиони

 Населението на Република Ирска надмина пет милиони за прв пат по „Големиот глад“ што ја погоди Ирска во средината на 19 век, покажаа официјалните податоци.

По децении пад на населението, почнувајќи од 1841 година, денес бројот на жители е за 83 отсто поголем во однос на најниската точка во 1961 година, кога тој број изнесувал 2,8 милиони, објави „Ириш Мирор“.

Исто така, бројот на жители кои се идентификуваат како Католиците паднаа од 79 отсто во 2016 година на 69 отсто во 2022 година, но некои велат дека тоа делумно се должи на промената во конструкцијата на прашањата за време на пописот.

Бројот на луѓе кои не се религиозни се зголеми од 10 проценти во 2016 година на 14 проценти во 2022 година. Во тие шест години во Ирска има зголемување од 390.000 луѓе, а статистичарите велат дека тоа се должи на стапката на наталитет, т.е. има повеќе раѓања отколку смртни случаи.

Луѓето кои емигрирале во Ирска исто така придонеле за зголемувањето.

Слични објави