Најчевска: Сопругот сам поднесе оставка, Османи врши хајка

По информацијата дека сопругот на професорката Мирјана Најчевск, Сашко Тодоровскиа бил сменет од функцијата амбасадор на Македонија во Чешка затоа што лажно ја претставувал како атеше, Најчевска сега вели дека сам поднел оставка, а Османи водел хајка.

-Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше, вели Најчевска.

Според неа нејзиниот сопруг не се согласил со барањето на Османи да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.

-Значи Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата). Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка, рече таа.

Слични објави