Најголем дел од пензионерите земаат мали пензии

Фактот дека најголем дел од пензионерите земаат мали пензии, со кои одвај успеваат да ги покријат основните трошоци е доволна причина да се смета за оправдана сегашната реакција и протестите кои ги огранизираат пензионерите деновиве и со кои бараат линеарно зголемвуање на пензиите.

Поранешниот претседател на Сојзуот на здруженија на пензионери, Драги Аргировски за Фактор потенцира дека голем дел од пензионерите се на работ на егзистенцијата и дека е несватливо што претседателката на сојузот, но и владините претставници се оградуваат од проблемот, а со него се засегнати голем број граѓани.

– Фактите говорат дека имаме 170 илјади пензионери кои добиваат од 12 до 15 илјади денари месечен надоместок или пензија. Потоа од 15 до 22 илјади денари добиваат 70 илјади пензионери. Сите тие се на работ на егзистенцијата. Надлежните треба да сфатат дека ако сакаме во Европска унија мора да се подобрат животните услови, не може со сиромашни граѓани во ЕУ. Сите гледаме дека пензионерите се револтирани од односот на владините претставници. Пензиите ќе се зголемат за 6 проценти, додека пак, функцонерските плати се зголемија за 78 отсто – укажува Драги Аргировски.

Тој дополнува оти пензионерите се чувствуваат изиграно, како од нивната лидерка, така и од владините претставници, и укажува дека инфлацијата значително го намали нивниот животен стандард, поради што пензинерите ставени во видно неповолна позиција биле приморани да излезат на протести.

Слични објави