Вооружени напаѓачи отвориле оган врз автомобил во кој се наоѓал локален безбедносен службеник во руската севернокавкаска област Ингушетија, при што убиле три лица, меѓу кои и еден полицаец, објави рано утринава агенцијата ТАСС, повикувајќи се на истражители.
ТАСС го цитира локалниот огранок на рускиот истражен комитет дека синоќа бил отворен оган врз автомобил доделен на заменик-шефот на Центарот за борба против екстремизмот во Ингушетија.
Локалниот огранок соопшти дека е отворена кривична истрага за инцидентот и дека се трага по оние кои стојат зад нападот. Во извештајот на ТАСС се наведува дека напаѓачите побегнале од местото на злосторството и се упатиле кон соседниот регион Северна Осетија.