Музика од филмот Терминатор се пуштала на погребот од Навални, а има и причина

од Вести365.МК | М.Т.

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше погребан денеска во Москва. За време на погребот на гробиштата Борисов беа пуштени две песни – „My Way“ од Френк Синатра и музика од филмот „Терминатор“.

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармуш, на својот Твитер профил објави видео од гробиштата и го објасни изборот на музиката на која е погребан руската опозиционерка.

„Алексеј го сметаше филмот „Терминатор 2“ за најдобар филм на планетата. Музиката од последната сцена беше пуштена на неговиот погреб“, изјави таа.

Алексей считал «Терминатор-2» лучшим фильмом на земле. На его похоронах сыграли музыку из финальной сцены pic.twitter.com/qfh6teCFvQ

— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) March 1, 2024

Пред гробиштата се уште има голем број луѓе кои сакаат да влезат и да му кажат последно збогум на рускиот опозиционер, кој со години е еден од најгласните противници на Владимир Путин. Илјадници луѓе беа и пред црквата каде извикуваа „Русија без Путин“ и „Путин е убиец“, како и името на починатиот опозиционер.

Во текот на вчерашниот ден, како и целото утро во делот на Москва каде што се одржува погребот, забележливо е големо присуство на полицијата. Претходно беа објавени видеа на кои се гледа дека единиците опремени да ги разбијат демонстрациите ги опколија гробиштата, а независните медиуми во Русија исто така пишуваа дека на покривите се распоредени снајперисти.

Слични објави